Сомер: Многу екипи ќе се предадеа, но Интер никогаш не се предава

Голманот на Интер, Јан Сомер, изрази огромно задоволство по историската победа со 4-3 по продолженија против Барселона, со која Интер се пласира во финалето на Лигата на шампионите.

Сомер поради фантастичните одбрани во текот на дуелот, од УЕФА беше прогласен за играч на натпреварот.

„Многу сум среќен, одигравме неверојатен натпревар. Која одбрана ќе ја паметам најмногу? Последната, против Ламин Јамал. Тој е фантастичен играч, но, за среќа, не постигна гол.“

Сомер нагласи дека тимот на Интер покажа голем карактер.

„Многу екипи би се предале кога губевме со 2-3, но ние не го направивме тоа. Успеавме да се вратиме и да победиме“, истакна голманот на Интер.

Швајцарскиот голман додаде дека пласманот во финалето има огромно значење за целиот тим.

„Беше луд меч. Горди сме на тоа како игравме. Веќе изгледаше како да сме елиминирани, но се вративме – тоа е неверојатно. Финалето значи многу за нас. Немате многу шанси да стигнете до финале во Лигата на шампионите. Знаевме дека последните четири минути од продолженијата се нашата последна шанса и го дадовме максимумот заедно со нашите навивачи.“

Интер ќе се бори за четвртата титула во Лигата на шампионите во својата историја.

- Оглас -

Најнови вести