Интер го победи австрискиот Салцбург со 4:3 во контролен меч на кој деби на голот на Нераѕурите имаше Јан Сомер. Голманот на швајцарската репрезентација имаше не многу успешно деби затоа што само по шест минути од почетокот на мечот, направи голем кикс поради кој Интер прими гол.
Салцбург промаши пенал кога Конате шутираше високо над голот, но само неколку моменти подоцна, Сомер направи голема грешка, која беше казнета и австрискиот тим поведе со 1:0.
https://twitter.com/i/status/1689328268598456343
Овој меч го одбележаа многуте дефанзивни грешки. Салцбург си даде автогол по кој Интер израмни на 1:1, а до крајот на првиот дел резултатот беше 3:2 во корист на италијанскиот тим.
На почетокот на второто полувреме Баиду израмни на 3:3, а Салцбург промаши и втор пенал кога и Шимиќ не успеа да шутира во рамките од голот. Се играше 90-таа минута кога Сенси погоди и донесе радост за Интер и победа од 4:3.