Сомнителна победа на Австралијките против Бразил (Видео)

Австралија го победи Бразил со 3:2 во дербито на второто коло во Б групата на фудбалскиот Мундијал за жени, а мечот го одлучи автоголот на Моника во 66. минута.

Претходно имаше офсајд, но судијката Штраубли по прегледување на спорниот момент со помош на ВАР системот покажа на центарот, со што Австралија го доби дербито.

Претходно Бразилките имаа предбост од 2:0 со головите на Марта од пенал и на Кристанте, но до полувремето Австралијките намалија на 1:2 со погодокот на Форд.

Во продолжението се случи целосен пресврт, Логарцо израмни на 2:2, а Моника со автогол го порази Бразил.

https://streamable.com/a7dzb

- Оглас -

Најнови вести