Сомнително отсуство на еден играч на Вардар 1961 пред историското гостување кај ПИК Сегед

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 вечерва од 18.45 часот има историско гостување од Лигата на шампионите кај ПИК Сегед бидејќи ова ќе биде последен меѓународен меч во градската сала во Сегедин.

Во иднина, ПИК ќе игра во нова сала, која е изградена за потребите на Европското првенство, кое се игра во јануари 2022.

Вардарци синоќа го одработија тренингот во салата, но постои еден потенцијален проблем. Го немало Жереми Тото, кој пред некој ден потпиша за француски Нант. Од клубот немаат кажано дали Тото е повреден, а за секој случај, во Унгарија отпатувал и младиот кружен напаѓач Атанасовски. Евентуалното неиграње на Тото би било хендикеп.

На овој меч, Тимур Дибиров може да стигне до бројка од 1.000 голови во ЛШ. На руското крило му фалат три погодоци за да го оствари феноменалниот јубилеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести