Сон брзо закрепна од хоророт на „Гудисон парк“ (Видео)

Сон Хеунг-мин брзо закрепна по хоророт што му се случи на „Гудисон парк“ против Евертон, кога беше еден од виновниците за тешката повреда на Андре Гомес.

Сон вечерва го игра првиот меч по страшната епизода и стартот над играчот што ја скрши ногата, а лек за закрепнување се двата гола што ѝ ги даде на Црвена ѕвезда во рок од 4 минути.

На „Гудисон парк“ Сон го напушти теренот со солзи во очите, немаше намера да го повреди несреќниот Андре Гомес, а сега во Белград ги врати насмевките со два гола во 57-мата и во 61-вата минута.

https://www.youtube.com/watch?v=V8iXYDB-Jzs

За првиот гол на Јужнокореецот му асистираше Деле Али и во тој момент беше 2:0 за Тотенхем, а по додавањето на Роуз, Сон повторно беше прецизен и за 3:0 за гостите од Лондон.

https://www.youtube.com/watch?v=3x096rdCEgc

- Оглас -

Најнови вести