Сон и Али ловеа лисици во Лестер

Тотенхем со 2-0 триумфираше над Лестер во последната средба во сабота од 16. коло во Премиер лигата. „Петлите“ рунитирано ги забележаа новите три бода, па со вкупно 36 се вратија на третото место на табелата.

Водечкиот гол за гостите го постигна Сон, во првата минута од судиското надополнување во првиот дел. Кореецот потоа беше во улога на асистент, а Деле Али во 58-та минута ги реши дилемите во овој дуел.

Шестиот пораз на Лестер сезонава значи дека „лисиците“ ќе останат со 22 бода на деветтото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести