Сон и Кејн се израмнија со Лампард и Дрогба

Тотенхем се спаси од пораз во дуелот со Манчестер јунајтед и ги задржа теоретските шанси дека може да стигне до место за настап во Лигата на шампионите за следната сезона. Лондонскиот тим дома губеше со 0:2, но на крајот стигна до 2:2 благодарение на головите на Поро и Хеунг-мин Сон.

За голот на Сон, асистираше Хари Кејн и со тоа ова дуо на Тотенхем постави интересен рекорд. Вкупно 24 пати Кејн асистирал за Сон да постигне гол, со што ова дуо го израмни рекордот на Френк Лампард и Дидие Дрогба.

Лампард и Дрогба е дуото кое најмногу соработуваше за погодоците што ги постигна прославениот голгетер, а сега рамо до рамо со нив се Кејн и Сон.

- Оглас -

Најнови вести