Сон како капитен добитна комбинација за да се стигне до пиедесталот на Фантази

Новото коло на Фантази Премиер лигата на Спорт Манија покажа дека добитна комбинација беше да се има играчи на Тотенхем и на Арсенал. Лондонските тимови одиграа одлично викендов, Тотенхем со 6:2 го победи Лестер, а Арсенал со 3:0 славеше над Брентфорд.

Ѕвезда на колото беше Сон од Тотенхем, кој постигна дури три гола, и тоа само за 30-тина минути поминати на терен. Сон во игра влезе во 59-тата минута и успеа да постигне хет-трик, па заработи вкупно 19 поени.

Андреј Петковски со тимот Магаза го имаше токму Сон за капитен, па му донесе одлични 38 поени, а од Тотенхем го има и Кулушевски со 5 поени. Триото од Арсенал беше одличен избор. Вајт донесе 6 поени, Сака 9, Жезус 6 поени. Силната дефанзивна линија ја дополнија Кансело и Мингс со по 9 поени во ова коло и на крајот Петковски заврши со одлични 98 поени.

Еден бод зад Петковски е Блаже Поповски со 97 поени. И Поповски како капитен го има Сон и Кулушевски во средината, а одбраната му е „бетон“ со Салиба (15 поени), Кансело (9) и Трипие (5). Во нападот работата си ја завршија Халанд и Жезус кои постигнаа по еден гол за своите екипи.

Одличен тим има склопено и Александар Ричлиев, кој со тимот на ЈогаМастер во ова коло собра 88 поени. Секако дека Сон е капитен и на овој тим и дека Кансело (9) и Трипие (5) се во одбраната. Во нападот се Кејн (10 поени) и Халанд (6).

Првопласираните тројца во ова коло Спорт Манија Фантази Премиер лигата ќе добијат вредносни ваучери од Sport Life. Првопласираниот добива ваучер од 300 денари, вториот е со вауер од 200, а третиот има ваучер од 100 денари. Сите тројца треба да пишат порака на фејсбук-страницата на Спорт Манија.

 

- Оглас -

Најнови вести