Сон ќе го глуми Кејн, Ливерпул без Фирмињо по нова победа против Порто

Јужнокореецот Хеунг-мин Сон повторно ќе игра во невообичаена улога за него и ќе го предводи нападот на Тотенхем во реванш-мечот со Манчестер сити вечерва од 21 часот, во обидот лондончани да ја одбранат предноста од 1-0 и да се пласираат во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Во второто денешно реванш-четвртфинале, Ливерпул ќе игра без Фирмињо против Порто на „Драгао“, а „црвените“ имаат предност од 2-0 од првиот меч.

Еве ги составите за последните две четвртфинални пресметки што ќе се играат вечерва од 21 часот.

Манчестер сити – Тотенхем

Едерсон – Вокер, Компани, Лапорт, Менди – Де Бројне, Гундоган, Давид Силва – Стерлинг, Агуеро, Бернардо Силва.

Лорис – Трипие, Алдервејрелд, Вертонген, Роуз – Сисоко, Ванјама – Али, Ериксен, Моура – Сон.

 

Порто – Ливерпул

Касилјас – Фелипе, Пепе, Милитао, Телес – Корона, Ерера, Переира, Отавио – Брахими, Марега, Корона.

Алисон – Александер-Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон – Милнер, Фабињо, Вијналдум – Салах, Ориги, Мане.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести