Сон не дозволи победа на Арсенал, Ливерпул и Брајтон газат, Челзи тоне!

Немаше победник во лондонското дерби помеѓу Арсенал и Тотенхем, дуелот заврши 2-2, а главни улоги имаа Букајо Сака и Хеунг Мин Сон. Кореецот со два гола, стана првиот играч на Тотенхем после цели 30 години, кој дал два гола на гостување кај Топчиите.

Сега двата ривали имаат ист број бодови, а беа претекнати од Ливерпул и Брајтон кои победија со по 3-1, нивни петти победи во шест кола сезонава, и сега овие два клуба се на второ односно трето место зад лидерот Манчестер сити.

Астон Вила славеше во Лондон против Челзи со 1-0, па Сините паднаа на 14-то место со само 5 бода во шест кола.

Ова е голот на Сон за 2-2, само една минута откако Арсенал од пенал поведе со 2-1:

- Оглас -

Најнови вести