Хјунг-Мин Сон не им дава сон на „милионерите“ од Дортмунд

Хјунг-Мин Сон не им дава сон на сите во таборот на Борусија Дортмунд и тој ќе биде главната закана за популарните „милионери“ вечерва од 21 часот во првиот дуел од двомечот меѓу Тотенхем и Бундеслигашот.

Во отсуство на повредените Хари Кејн и Деле Али, Јужнокореецот е главен адут на Тотенхем во нападот и за постигнување голови.

А, тоа особено добро и редовно го правеше токму против Борусија Дортмунд и како играч на Тотенхем, но и претходно во Бундеслигата, кога настапуваше за Хамбургер и Баер Леверкузен.

На вкупно 10 меча што ги одигра со различни дресови во боите на Тотенхем, Хамбургер и Баер, Сон постигна дури 9 голови, што безмалку не просек од еден гол на меч.

„Да не го споменуваме Сон. Да не се налути и вечер повторно да ни ја затресе мрежата“, се шегуваат навивачите на Борусија на социјалните мрежи.

На последните два меча меѓу Тотенхем и Борусија Дортмунд, во фазата по групи во Лигата на шампионите што се играа во 2017 година, Јужнокореецот беше стрелец и во Лондон и на „Вестфален“ во Дортмунд.

 

- Оглас -

Најнови вести