Сон: “Парите се важни, но јас сакам да играм фудбал“

Фудбалерот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин, пред британските медиуми призна дека имал неколку богати понуди од Саудиска Арабија, но се одлучил да остане во Тотенхем. Неговата желба е да игра во Премиер лигата, бидејќи како што вели, парите не се секогаш најважни.

– “Вистина е дека и парите се важни, но јас пред се сакам да играм фудбал. Секогаш сонував да играм во Премиер лигата и се уште имам што да покажам тука. Се радувам на новата сезона, во минатата имав многу проблеми. Тоа не беше Сони кој го познавам, сакам оваа сезона на сите да им докажам дека сум Сони кои сите одамна го знаат. Сакам тоа да го докажам себеси и да дадам нешто добро за клубот на кој припаѓам. Очигледно ова лето сите одат таму (Саудиска Арабија н.з.), што е навистина интересно, но за мене е сон да играм во Премиер лигата.“ – изјави кореецот во дресот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин.

Сон во 2015-тата година пристигна во Тотенхем од Баерн Минхен и заедно со Хари Кејн станаа најважните алки на премиерлигашот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести