Сон плаче од мака поради поразот, но и во тие моменти остана профи (Видео)

Јужна Кореја загуби со 2:3 од Гана во драматичен меч, а по завршувањето на средбата, неуспехот најтешко ѝ падна на најголемата ѕвезда во селекцијата од Азија. Сон Хеунг-мин, фудбалерот на Тотенхем, не можеше да ги скрие солзите поради поразот, а интересно е дека во тие тешки моменти тој беше опкружен со луѓето од стручниот штаб на Гана.

Дел од оние кои беа околу Сон се обидуваа да го утешат, а еден од членовите на стручниот штаб на Гана сакаше да има фотографија за спомен од ѕвездата на Јужна Кореја.

Иако му беше многу тешко поради поразот, Сон во ниту еден момент не реагираше непрофесионално и дозволи човекот да направи селфи за спомен, а фудбалерот остана неутешен да жали за неуспехот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести