Астон вила пред своите навивачи со 2:0 го победи Тотенхем во меч од 37 коло на англиската Премиер лига и тимот од Бирмингем ги задржа шансите за место кое води во Лига на шампиони.
Домаќините доминираа во текот на целиот меч, имаа 68 отсто посед на топка, упатија дури 18 шутеви, изведоа девет корнери, а дури во второто полувреме го скршија отпорот на гостите.
Во 59 минута Конса погоди за радост на домашните фанови и тој погодок може да го видите ТУКА.
Сите дилеми околу победникот беа решени во 73 минута кога Камара зголеми на 2:0 за Астон вила. Камара реши да шутира од работ на шеснаесетникот го изненади голманот на гостите. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Со оваа победа Астон вила стигна до 66 бодови и моментално е на четвртото место на табелата со шанси да биде во Топ 5 на табелата на крајот и да си обезбеди место во Лига на шампиони.
Интересно е дека и Тотенхем кој остана на само 38 бодови од 37 кола и е на 17 позиција на табелата, може да игра во Лига на шампиони, но ќе мора да го победи Манчестер јунајтед во финалето.