Сонот на Баварците е да им се врати Пеп

Баерн Минхен ја продолжува потрагата по нов тренер откако управата му врачи отказ на Нико Ковач пред околу две недели. Засега должноста на привремен тренер ја има Ханс Флик, а со него Баварците славеа во мечевите против Олимпијакос и Борусија Дортмунд. Сепак, потребно е долгорочно решение, а како најнова, но и најтешка опција за ангажман се појави името на Пеп Гвардиола.

Шпанецот би бил идеален за германскиот првак бидејќи двете страни веќе имаат соработувано. Всушност, Гвардиола по три сезони во Германија, го презеде Манчестер сити, а сега се наоѓа пред евентуален камбек. Под палката на Гвардиола, Баерн Минхен во три наврати ја освои шампионската титула и оствари два успеси во германскиот Куп, но на Шпанецот му остана недовршена работата во обидот да ја освои Лигата на шампионите со тим кој не се вика Барселона.

Како што е познато, Гвардиола смета дека не треба да се задржува во клуб повеќе од три години. Така беше досега, а тој си го прекршува зборот бидејќи Граѓаните ги води во четвртата последователна сезона, а наводно се ближи крајот на таа авантура.

Покрај екстренерот на Барселона, Баварците веруваат дека Ерик тен Хаг од Ајакс и Томас Тухел од ПСЖ и натаму се алтернативи, иако двајцата одбија соработка со најтрофејниот германски клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести