25.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Сонот на Куман: Ако ги искористиме сите шанси, ништо не е невозможно

Роналд Куман очајнички бара начин да ги мотивира играчите на Барселона, да не се откажат од вербата во чудо во Париз, утре на реваншот против Пари Сен Жермен.

Барселона загуби убедливо на својот „Камп Ноу“ со 1:4, но Куман верува дека може да се случи чудо и подвиг во режија на Меси и соиграчите, но само под еден услов.

„Ние сме екипа што игра офанзивно и создава доста шанси. Реализацијата мора да ни биде максимална за да се надеваме на чудо во Париз. Во фудбалот ништо не е невозможно, а ни треба и да почнеме со позитивна енергија и верба дека можеме до подвиг“, изјави Куман на редовната прес-конференција пред утрешниот реванш со ПСЖ.

Барселона во малку поинаква ситуација веќе приреди огромен подвиг против актуелниот европски првак ПСЖ и во 2017 година на неверојатен начин со победа од 6:1 на домашен терен, анулира огромна негатива од 0:4, токму во оваа фаза, во осминафиналниот двомеч во ЛШ против парижани.

 

- Оглас -

Најнови вести