Сонот на Њујорк за финале се уште живее, серијата се сели во Индијанаполис (Видео)

Њујорк никс ја „спаси“ првата меч-топка на Индијана пејсерс и остана во игра за пласман во големото финале на НБА лигата, откако го доби петтиот меч од финалната серија на Источната конференција со 111-94.

Резултат сега е 3-2 за Индијана, а шесттиот меч се игра во Индијанаполис, па Њујорк ќе мора повторно да победи ако сака да се избори за мајстора на домашен терен.

Мечот во Њујорк мина во комплетна доминација на домашните кошаркари, кои не ја испуштија предноста од самиот почетокот на мечот, па до крајот. Во третата четвртина дојдоа и до водство од 22 поени разлика и веќе тука беше јасно дека Њујорк никс ќе го добијат овој меч.

Брансон со 32 поени беше убедливо најефикасен на паркетот, а неговиот соиграч од Њујорк, Таунс, уфрли 24 поени.

- Оглас -

Најнови вести