Сонот стана јаве: На 32 години го облече националниот дрес, а до пред две сезони играше во ниски лиги

Јулијан Нагелсман со победа дебитираше на селекторското место во германската репрезентација, откако со 3:1 Панцерите беа подобри од САД. Германците имаат доверба во Нагелсман, а тој стартуваше со победа, што е добар знак за нив.

Освен што ова беше деби за Нагелсман, за прв пат репрезентативниот дрес на Германија го облече Кевин Беренс. Тоа е фудбалерот кој има 32 години и прв пат доби повик да биде меѓу најдобрите, но против САД остана на клупата за резерви.

Сепак, повикот за Беренс е доказ дека фудбалерите не треба да престанат да сонуваат и веруваат во своите можности. До пред две години, Беренс кариерата ја градеше во ниските лиги во Германија. Играше во третиот тим на Вердер кој се натпреварува во петтата лига, потоа во втората екипа на Алеманија Ахен, па нисколигаши од четврта и трета лига. Потоа напредуваше и три сезони играше во Сандхаусен во Цвајте (втора лига), а пред две години се најде во фокусот на Унион Берлин кој реши да го доведе во своите редови.

Беренс прв пат во кариерата заигра во Бундеслигата на 30 години. Првата сезона не му беше како што посакува. Даде само шест гола во 34 меча и само на два меча одигра комплетни 90 минути. Искуство во профи фудбалот стекнуваше и преку дуелит во Конференциската лига.

Веќе во следната сезона, напаѓачот доби поголема шанса. Одигра 46 меча и постигна 10 голови. Во оваа сезона имаше старт од соништата, бидејќи во првото коло против мајнц постигна хет-трик. Сите три гола ги постигна со глава и стана првиот играч во Бундеслигата кој имал хет-трик со погодоци дадени само со глава.

Добрите игри во Унион Берлин со кој сезонава игра и во Лигата на шампиони беше препорака за Беренс да доби повик за националниот тим и тоа на 32 години, што значи дека никогаш не е доцна.

- Оглас -

Најнови вести