Репрезентацијата на Македонија останува со шанси за пласман во четвртфиналето на Светското ракометно првенство, откако селекциите на Холандија и Австрија одиграа нерешено во првиот меч од последното коло на групата „2“.
Дуелот во Вараждин заврши 37-37, после голема драма во која можеше да победи и Австрија, но Холандија. Двете селекции во текот на целиот натпревар се менуваа во водство, па на крајот и нерешениот резултат беше најреален.
Со тоа првиот услов за пласман на Македонија во четвртфиналето е исполнет, а тој беше Холандија да не победи. Сега останува да го чекаме исходот од мечот помеѓу Унгарија и Катар, на кој ни е потребно катарците да не победат, но на крајот и ние да ја победиме Франција. Сепак, и доколку не успееме да се пласираме помеѓу најдобрите осум репрезентации, со пораз од девет или помалку голови против Франција ќе завршиме на четвртата позиција на табелата, односно помеѓу најдобрите 16 селекции во светот.