Сонот за пласман во Лигата на шампионите за екипата на Астон вила се уште е жив и тоа пред се поради ВАР-системот кој во 95-тата минута го поништи голот за победа на Челзи. Домашните на „Вила парк“ имаа убедливи 2-0 после првото полувреме, но Челзи не само што успеа да израмни, туку и да постигне погодок за победа кој беше поништен.
На крајот, екипата на Астон вила може да биде задоволна со бодот, бидејќи останува во игра за пласман во Лигата на шампионите, со оглед на тоа дека има седум бодови предност пред Тотенхем, кој има дури три натпревари помалку, а наредниот го игра веќе утре и тоа против Арсенал, па лесно може да се случи Астон вила да ја задржи предноста.
Домашните во првиот дел дојдоа во водство преку автоголот на Кукуреља и голот на Роџерс, додека стрелци за Челзи беа Мадуеке и Галагер.