Сонот за титула продолжува, Ливерпул го победи Барнли со 4:2

Ливерпул успеа да го победи Барнли со 4:2 и остана во битка за титулата со Манчестер сити. Готите поведоа во шестата минута со голот директно од корнер на Ешли Вествуд, а потоа следуваше гол-шоу на Фирмино и на Мане.

Двајцата постигнаа по два гола за пресврт и победа, но не одеше се така лесно, бидејќи во финишот Барнли намали на 2:3, се обиде да притисне и прими уште еден гол во контра. Мане стави точка на неизвесноста на „Енфилд Роуд“, а Ливерпул потврди дека докрај ќе води мртва трка со Манчестер сити за титулата во Премирелигата.

Актуелниот англиски шампион има 74 бода, еден повеќе од Ливерпул на осум кола до крајот на сезоната во Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести