Дури 11 меча се играат во НБА лигата, а возбудувањата започнуваат уште вечерва кога од 21 часот ќе играат Њујорк и Феникс. Ова е дуел на седмиот од Истокот со седмиот на табелата од Западот, а Сонцата се со една победа повеќе од домаќинот на овој меч. Феникс на гости има само шест победи во 18 меча сезонава, но неверојатна е традицијата која вели дека Санс имаат дури 10 победи во низа против Њујорк. Никси последен пат против овој ривал се радувале во јануари 2018 година, што значи дека пет години чекаат за триумф.
Шарлот е домаќин на Лос Анџелес лејкерс, а два од последните четири средби на овие две екипи завршиле нерешено и имало продолжение, а останатите два завршиле со три односно четири разлика, што е потврда дека е неизвесно до самиот крај. Иксот на овој меч е со коефициент од дури 11.8.
Бруклин и Портланд се најголеми фаворити за победа на свој терен.
Во Sport Life секогаш има опција да се одигра и на „плус-минус“ поени на кошаркарите кои треба да бидат на паркетот вечерва.