Сонцата сè уште го чекаат дебито на Дурант, но и без него се фаворити против тимот од Лос Анџелес

Вечерва ќе се одиграат само три натпревари во НБА-лигата, а највозбудливо се очекува да биде во „Футпринт центарот“ во Феникс, каде што Сонцата го пречекуваат конкурентот од дивизијата Пацифик, Лос Анџелес клиперс.

Навивачите на Феникс сè уште чекаат да го видат дебито за нивниот тим на кошаркарот кој ги направи инстант-фаворити за титулата, Кевин Дурант. Дурант поради повреда на коленото ќе го пропушти дуелот против ЛА клиперс, но и без него, Сонцата се фаворити. Квотата за триумф на Феникс изнесува 1.90.

Десеткуваниот од повреди Чикаго булс, пред своите гледачи е аутсајдер против Милвоки бакс, кај кого во полн натпреварувачки ритам се врати Јанис Адетокумбо. Кошаркарите на Милвоки се наоѓаат во страшен ритам, имаат 11 победи по ред, и се втори на Истокот, зад Бостон, кој има два триумфа повеќе. Од друга страна, Чикаго е во серија од пет порази по ред, па поради тоа квотите се на страната на Милвоки, 1.33.

Во третиот натпревар вечерва ќе играат Минесота тимбервулфс и Вашингтон визардс и тука се очекува победа на домаќинот, кој се бори за подобар пласман на табелата во Западната конференција. Минесота е седма на Западот со скор 31-29, колку што има и шестиот Далас маверикс.

Во НБА-понудата на Sport Life има и 26-мина кошаркари како избор за играта на плус или на минус поени.

- Оглас -

Најнови вести