31.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Сонцето силно свети на сите трибини на стадионот во Лозана

СпортМанија во Лозана,

Вардар никогаш не бил сам, па така е и во Лозана. Голем број македонски навивачи се на стадионот во Лозана да му дадат поддршка на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Покрај најверните фанови, популарните Комити, на трибините има и голем број македонски печалбари кои живеат и работат во Швајцарија и околните земји.

Убаво е да се види дека најголем дел од македонските навивачи се „наоружани“ со македонското знаме, кое силно свети на стадионот. Се надеваме дека на крајот од мечот повторно гордо ќе се вее македонското знаме ,и тоа во чест на влез на Вардар во третото коло од квалификациите за влез во Конференциската лига на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести