Сонувал да стане фудбалер, а снимајќи порнофилмови сега е милионер

Саутхемптон е клубот од каде што потекнале голем број квалитетни фудбалери. Фудбалската академија на овој клуб е позната по создавањето таленти, но еден таков талент наместо да се пробие на фудбалскиот терен, станал главна ѕвезда во порнофилмовите.

Дани Маунтајн како деветгодишно дете првпат пристигнал во школата на Саутхемптон и имал успешни настапи. Тренирал напорно и го привлекол вниманието на екипи како Челзи, Вест хем и Тотенхем. Сепак, кога имал 16 години, Дани доживеал тешка повреда на коленото и морал да ја прекине кариерата.

По откажувањето од фудбалот, Маунтајн се решил да „сврти нов лист“. Како 19-годишно момче решил да влезе во порноиндустријата. Сега, 18 години подоцна, Дани има снимено над 600 порнофилмови и има заработено над еден милион евра.

„Излегував со една девоја од ескорт агенција, кога нејзиниот менаџер ми понуди да се пријавам на аудиција за порнофилмови. Не бев воодушевен, но решив да пробам. Не знаев што ме чека, но бев полн со самодоверба. Не бев нервозен поради сексуалниот дел од филмовите. Повеќе нервоза имав во деловите каде што требаше да зборувам“, открива Маунтајн.

Кога неговата мајка слушнала која е работата на Дани, воопшто не била задоволна, но подоцна го прифатила тој факт. Татко му бил многу полибирален.

„Кога и кажав на мама, таа се шокираше. Имав само 19 години кога почнував. Татко ми само рече „напред сине“. Никогаш не успеав да давам голови за Англија, но тоа не ме спречи да бидам успешен“, вели Маунтајн.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести