Сонуваше да биде механичар на брат му, а стана двоен светски првак

Шпанскиот мотоциклист Алекс Маркес, е нов светски првак во Мото 2. Тој на трката на патеката Сепанг во Малезија, го освои второто место, што му беше доволно за шампионска титула.

Алекс е помлад брат на Марк Маркес, кој веќе со години доминира во овој спорт, има 8 светски титули, од кои најголемиот дел во кралската класа, популарниот Мото ГП. Алекс Маркес е првиот што станал шампион и во Мото 3 и во Мото 2.

Браќата Маркес се единствените браќа во историјата на мотоциклизмот кои освоиле шампионски титули, а интересно е што во минатото, 23-годишниот Алекс немал намера да се трка, туку желба му било да ги гледа трките и да му помага на Марк, подоцна и да биде еден од неговите механичари.

- Оглас -

Најнови вести