Соопштение на ФК Вардар: Бидете сигурни дека Вардар ќе се врати посилен како никогаш

По неуспехот наречен враќање во Прва лига, Вардар го очекува целосна реконструкција, како и играчка, така и во раководството.

„Црвено-црните“ претпладнево излегоа со соопштение во кое што го обвинуваат претходното раководство за лошото работење, но и најавуваат враќање на старите патеки. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

По завршувањето на оваа сезона и по неуспехот да се оствари главната зацртана цел со должна почит кон сите наши симпатизери време е за да ги резимираме работите.
Фудбалскиот клуб Вардар на почетокот на оваа сезона ги преживуваше најтешките мигови во својата 75-годишна историја.

Вардар не е обичен клуб. Вардар е иконата на македонскиот спорт и за сите што себеси се идентификуваат со Македонија и со најдоброто од Македонија на фудбалски план. Нека им е на чест на сите што придонесоа најголемиот клуб да се најде на работ на егзистенцијата и да испадне во втора лига и што ја доведоа скопската гордост на работ на згаснување со лошото управување со клубот.

Изминатава сезона беше турбулентна, со лоши и добри моменти за кои што секако делумна вина постои и кај нас во управата.

Но, ние го гледаме Вардар како долгорочен проект за враќање на стариот сјај и тоа е процес кој што неможе да се реализира преку ноќ иако притисокот од сите е голем соодветно за името кое што го носиме.

Сега следи период на анализа, по кој што во блиска иднина ќе излеземе со комплетно нова организациоска поставеност и структура на управниот одбор за управување со клубот како и зајакнување на финансиското работење и зголемување на буџетот.
Најаувваме и враќање на стариот сјај на познатата вардарова школа за млади играчи, кои што во иднина ќе бидат столбот на нашиот клуб.

Вардар ќе се врати посилен како никогаш во тоа бидете сигурни. Ќе застане повторно на нозе спортската и фудбалска гордост на Македонија и ќе имаат одново причини за радост и за славење сите симпатизери и навивачи.
Секогаш и секаде со Вардар“ се вели во сопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести