Екипата на Брентфорд оваа сезона има историска шанса да игра во фудбалска Европа, но киксот против „фенерџијата“ на табелата во Премиер лигата, ги врати чекор назад.
Вулверхемптон иако веќе е испаднат, сепак, во Западен Лондон успеа да се врати од негатива од два гола и да одигра нерешено, 2-2, против „пчелите“.
Брентфорд како голем фаворит влезе во мечот, па со головите на Кајоде и Тијаго во 22-рата, односно 37-мата минута, веќе имаше водство од 2-0. Сепак, Армстронг во 44-тата минута намали на 2-1, а Аркодере во 77-мата минута израмни на 2-2.
Брентфорд по 30 првенствени кола во Премиер лигата има 45 бода на седмата позиција, три помалку од шесттиот Челзи, односно минус четири од актуелниот шампион Ливерпул.

