Лајпциг не успеа да дојде до триумф на гостувањето кај Волфсбург и ремизираше без голови. Црвените бикови наидоа на проблеми во шампионската трка со ова реми, бидејќи лидерот Баерн може да ја зголеми бодовната предност доколку утре триумфира против Аугзбург, додека Дортмунд може да има украде втората позиција со евентуална победа во дербито на двете Борусии.
Гостите имаа иницијатива во текот на целата средба и статистички беа доста поконкретни од Волфсбург, меѓутоа мрежите мируваа на „Фолцваген арена“.
Баер Леверкузен и во петтиот меч на домашен терен против Ајнтрах Франкфурт забележа убедлив триумф од 4-0. Фармацевтите во претходните четири меча редовно ја полнеа мрежата на гостите со најмалку три гола. Хаверц отвори по четири минути игра, а веќе во 14-тата минута Белараби донесе двојна предност.
Паулињо како двоен стрелец во вториот дел го постави конечниот резултат, па така Леверкузен со оваа победа дојде на само бод од третопласираниот Дортмунд со 47 бода.
Фрајбург беше подобар од Унион Берлин со 3-1, Шалке и Хофенхајм ремизираа при 1-1, односно со реми од 2-2 заврши дуелот меѓу Херта и Вердер Бремен.