Сопругата го издаде: Познат е наследникот на Ерик тен Хаг во Манчестер јунајтед? (Фото)

Прашање на време беше кога Ерик тен Хаг ќе си замине од Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи под негово раководство играа катастрофално и имаа лоши резултати, а раководството вложи многу пари во формирањето на екипата.

Денес холандскиот тренер и официјално си замина од Манчестер јунајтед, а една фотографија на социјалните мрежи го привлече вниманието на навивачите, но и на медиумите. Сопругата на поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандес, објави фотографија од него со синот, но детенцето имаше облечено дрес од Манчестер јунајтед. Дали ова значи дека Чави ќе биде новиот тренер на Црвените ѓаволи или е само случајност, ќе дознаеме наскоро.

- Оглас -

Најнови вести