Жозе Мурињо по заминувањето од кормилото на Рома, сè уште е без ангажман, но е поврзуван со неколку екипи. Според шпекулациите, Португалецот е во игра за клупите на Барселона, Манчестер јунајтед и екипа од Саудиска Арабија, но сопругата и ќерката на Мурињо се тие кои одлучуваат каде Специјалниот ќе ја продолжи кариерата.
Португалскиот тренер во моментов е најблиску до клупата на Челзи, кој прво мора да најде начин да се ослободи од Маурисио Покетино, кому за предвремениот раскин на договорот треба да му исплати 12 милиони евра.
Причината што Мурињо е најблиску до Челзи е неговото семејство бидејќи тие живеат во вилата вредна 35 милиони евра во Лондон, а неговата ќерка Матилда има и свој бизнис во главниот град на Велика Британија.
Специјалниот токму во Лондон ги мина и своите најдобри тренерски моменти во кариерата.