Ванеса Брајант, сопругата на трагично загинатиот Коби Брајант, добива отштета од 16 милиони долари откако судот во Лос Анџелес пресуди во нејзина корист. Ванеса ги тужеше против службениците кои споделуваа фотографии од местото на несреќата во Калабасас, каде што кошаркарската икона заедно со ќерката Џана и уште седуммина патници ги загубија животите.
Ванеса го доби спорот против полицајците и пожарникарите кои биле меѓу првите на местото на трагедијата, па сликале и споделувале морбидни фотографии на социјалните мрежи и до нивни блиски, односно остатоци од самата несреќа која се случи на 26 јануари 2020 година.