26.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Сопругата на Икарди се скара со Фабио Капело

Изјавата на Фабио Капело во која италијанскиот трофеен стручњак рече дека тој во неговите тимови не би примил фудбалер кој се фотографира гол, мислејќи на последната сесија на Мауро Икарди од Интер, ја налути сопругата и менаџерка на Икарди, Ванда Нара.

Ванда беше подготвена и му реплицираше на Капело. Таа објави колаж од фотографии. На едната се гледа Капело прегрнат со Фабио Канаваро и Дејвид Бекам кои ги тренираше во Реал Мадрид, а покрај таа слика, Ванда објави разголени фотографии на Бекам и Канаваро.

„Драг Фабио Капело. Секој чест за тебе како тренер, но памтам дека во твоите соблекувални имаше топ играчи кои ги правеа истите работи. Пред 10 години тоа не ти пречеше и не ти беше чудно, а сега да“, напиша Ванда, која смета дека „спорните“ фотографии со нејзиниот маж и неа се уметнички.

- Оглас -

Најнови вести