Сопругата на Јокиќ погодена со лименка во глава на шампионската парада (Видео)

На шампионската парада на улиците во Денвер во чест на првата шампионска титула на Нагетс сопругата на најдобриот играч на тимот Никола Јокиќ, Наталија, беше погодена со лименка во главата.

Наталија, Никола и нивната ќеркичка, заедно со останатите кошаркари на Денвер и сопственикот Стен Кренке се наоѓаа во отворен автобус со кој парадираа низ улиците на Денвер, кога кон нив долета лименка и ја удри Наталија во главата. Лименката прво го погоди сопственикот Кренке, а потоа заврши во главата на Наталија.

Според медиумите, на улиците во Денвер се очекува околу 500.000 луѓе да ги поздрават новите НБА-шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести