31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Сопругата на Клоп има голем придонес во создавањето на силниот Ливерпул

Навивачите на Ливерпул со одобрување ја примија објавата дека Јирген Клоп го продолжи договорот со Црвените до 2024 година, тој ќе им донесе титула по цели 30 години, а всушност сопругата на германскиот стручњак, Ула, била клучна во одлуката Клоп да остане во градот на Битлси.

Сега со долгорочен договор, Клоп може да планира засилувања, летово Ливерпул сака да го донесе напаѓачот Тимо Вернер од Лајпциг.

На Ула Клоп ѝ се допаѓа животот во градот Ливерпул и таа го убедувала да останат, иако имал понуда од Шпанија. Ако се селеа таму, ќе требаше да учат нов јазик. Ула била пресудниот фактор што Клоп по заминувањето од Борусија Дортмунд, не се пресели во Манчестер јунајтед, туку во Ливерпул. Таа одлука на „жената од сенка“ се покажува како историска. Со Клоп на клупата, Ливерпул освои титула во ЛШ, а сезонава ќе го прекинат 30-годишното чекање на трофеј во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести