Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја отфрлил можноста да го преземе Манчестер јунајтед пред да се пресели на „Енфилд“, и тоа најмногу поради несогласувањето на жена му Ула. Ова го објави легендата на Црвените, Фил Томпсон.
Црвените ѓаволи ги побарале услугите на Клоп по загубеното финале во Лигата на шампионите во 2013 година од тогашниот клуб на Клоп, Борусија Дортмунд. Тогаш Сер Алекс Фергусон се повлече од позицијата и лично го предложи Дејвид Мојс како свој заменик. Но, пред да биде поставен Мојс, на „Олд Трафорд“ сакале да го земат Клоп.
„Кога дојде понудата од Ливерпул, жена му немаше задршка. Клоп е создаден за Ливерпул“, вели Томпсон.
„Јас кога играв, губевме три или четири меча во сезона, но сегашниот тим води со девет бода пред главниот конкурент и загуби само еден меч во целата претходна сезона. Момците прават нешто специјално“, дополни легендата на Ливерпул.