Лиза Милер, сопругата на фудбалерот Томас Милер, жестоко го навреди тренерот на баварците, Нико Ковач, што нејзиниот маж предолго го чуваше на клупата за резерви.
Баерн се мачеше против Фрајбург, и во 71 минута при резултат 0:0, Милер беше внесен во игра на местото на Хамес Родригес. Девет минути подоцна, Баерн поведе со 1:0, но во финишот гостите погодија за 1:1, и освоија голем бод.
Госпоѓа Милер кој седеше во ВИП ложата на „Алијанц арена“ во Минхен, на Инстаграм сподели фотографија од нејзиниот сопруг и тренерот Ковач, пропратен со невкусен коментар.
„Повеќе од 70 минути му требаа за да ги вклучи мозочните ќелии“ – беше пораката од Лиза Милер, наменета за тренерот.
Очигледно таа смета дека Томас влезе предоцна во игра, а ова не ѝ е првпат да го критикува Хрватот. Милер ја правдаше жена му дека тоа биле излив на емоции, од голема љубов кон него, но не го оправда напишаното. И тренерот рече дека не се лути, бидејќи тоа не е напишано од самиот фудбалер.
Баерн е втор и има четири бода помалку од лидерот Борусија Дортмунд, на кој ќе му гостува во следното коло.