Сопругата на Валверде го „нападна“ Анчелоти

Сопругата на Феде Валверде, Мина Бонино, изрази незадоволство од одлуката на Карло Анчелоти тој да биде заменет на полувремето во натпреварот против Милан, кој Реал Мадрид го загуби со 1-3 во Лигата на шампионите. Бонино го искористи својот профил на социјалните мрежи за да го изрази својот гнев кон одлуката.

„Подобро да го исклучам ова бидејќи ако кажам што мислам, ќе ме уапсат“, напиша Бонино. „Феде најдобро игра на средината на теренот. Треба да сфатите дека тој не е крило.“

Откако сфатила дека ваквите коментари би можеле да му наштетат на Валверде, таа ги избришала објавите, но тие биле зачувани и објавени од страна на шпанските медиуми, кои побараа мислење од тренерот Карло Анчелоти.

„Феде не можеше да даде 100 проценти од себе. Имаше проблеми со грбот во текот на неделата, добро тренираше ден пред мечот и затоа беше во стартниот состав. Меѓутоа, имаше проблеми во првото полувреме и не беше на највисоко физичко ниво, па затоа решив да го заменам“, објасни тренерот на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести