7.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Сопругата на ѕвездата на Барселона е гневна: Зарем тој е кошаркар, па го нема во најдобрите 11-мина фудбалери!?

Синоќа во Доха, Усман Дембеле беше прогласен за најдобар фудбалер во светот за 2025 година во изборот на ФИФА. Францускиот репрезентативец со Пари Сен Жермен имаше историска сезона. Светците првпат станаа шампиони на Европа, ги освоија главните трофеи во Франција, а станаа и шампиони на Светското клупско натпреварување во САД.

Дембеле секогаш беше главен на теренот и еден од лидерите во сите овие успеси на ПСЖ, па неспорно е дека заслужено ја доби оваа престижна награда. Претходно, Дембеле ја освои и Златната топка на „Франс фудбал“.
Освен најдобар фудбалер, ФИФА направи избор и на најдобар тим, односно најдобри 11-мина фудбалери.

Во најдобрите 11-мина се Донарума (ПСЖ), Мендес (ПСЖ), Ван Дајк (Ливерпул), Хакими (ПСЖ), Витиња (ПСЖ), Педри (Барселона), Белингам (Реал Мадрид), Палмер (Челзи), Дембеле (ПСЖ), Мбапе (Реал), Јамал (Барселона).

Меѓу најдобрите нема место за напаѓачот на Барселона, Рафиња, а многумина сметаат дека тоа е грешка. Најжестока во критиките беше сопругата на Рафиња, Наталија Родригес, која распали против ФИФА.

„Дури 62 гола и асистенции, но не заслужува да биде во најдобрите 11-мина. Неправда. Дали Рафиња е кошаркар?!“, стои во реакцијата на сопругата на Рафиња.

- Оглас -

Најнови вести