Смртта на поранешниот играч на Њукасл, Кристијан Атсу, кој загина во земјотресот во Турција, доби уште една трогателна димензија.
Пред почетокот на премиерлигашкото дерби Њукасл – Ливерпул, присутните му оддадоа почит на Атсу, а за целата работа да биде уште поемотивна, на трибините на „Сент Џејмс парк“ беа и сопругата и децата на покојниот фудбалер чие тело беше најдено утрово.
Newcastle and Liverpool pay tribute to Christian Atsu, who tragically lost his life in the devastating earthquakes in Turkey. pic.twitter.com/u3B7A5OCXX
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) February 18, 2023