Според прикажанато на првите два натпревари во САД, Лионел Меси направи вистински потег со потписот за Интер Мајами. Одлични игри, но и голема почит од сите во САД и во Интер Мајами, а за тоа говори и последната изјава на еден од сопствениците на клубот, Хорхе Мас, кој за американските медиуми изјави:
– “Не знам дали тоа ќе биде некој пријателски натпревар, но нешто сигурно ќе има. Кога ќе се отвори новиот Ноу Камп, сакаме Лео Меси да се збогува од него. Позајмица во Барселона не доаѓа во предвид, но збогување на Ноу Камп секако дека заслужува. Ќе направам се што е во моја моќ за да му го овозможам тоа.“
Лео Меси пред две години мораше да си замине од Барселона поради финансиските проблеми во кои се најде клубот, но и понатаму останува симболот на Барселона и Каталонија.