Сопственикот на Њукасл стана газда и на екипите во кои настапуваат Роналдо и Бензема

Мнозинскиот сопственик на акции во Њукасл, саудискиот „Паблик инвестмент фонд“, ја презеде сопственоста и над два тима во матичната земја и тоа над Ал-Наср за кој настапува Кристијано Роналдо и Ал- Итихад кој вчера потпиша со Карим Бензема.

Преземањето на Ал-Наср и на Ал-Итихад од страна на „Паблик Инвестмент фонд е дел од проектот за приватизација и вложување во спортските клубови, кој го покрена владата на Саудиска Арабија.

Досега сите саудиски клубови беа во сопственост на државата, но не беа под директна контрола на истата.

Со новото преземање, „Паблик Инвестмен фонд“ сега е сопственик на четири клуба, но најпознати се токму англискиот премиерлигаш Њукасл кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, како и Ал-Наср и Ал-Итихад чии членови се Кристијано Роналдо и Карим Бензема.

- Оглас -

Најнови вести