Екипата на Палермо само пред три години прогласи банкрот и автоматски мораше да биде испратена во Серија Д. Само по две години, Палермо одлично напредува и тимот пред неколку дена го прослави враќањето во Серија Б. Доколку продолжи со исто темпо, Палермо веќе следната сезона може да се радува на враќање во елитното друштво во Италија.
„Сити груп“, која во своја сопственост го има тимот на Манчестер сити, изрази интерес за купување на Палермо. Дарио Мири, кој е прв човек на Палермо, имал состанок со челниците на „Сити груп“ и сè поверојатно е дека може да се случи договор на двете страни.
Освен Манчестер сити, оваа групација во своја сопственост ги има и клубовите Мелбурн сити, Њујорк сити, Џирона, Троа и Јокохама во Јапонија.