13.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025

Сорлот во јануари ќе го напушти Атлетико Мадрид

Александер Сорлот не е задоволен од својот статус и сака да го напушти Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок. Норвежанецот смета дека мора да игра повеќе за да биде во вистинска форма пред Мундијалот во 2026 година.

Кај Диего Симеоне тој е играч што главно добива шанса од клупата, што го потврдуваат и бројките. Оваа сезона има одиграно само 14 натпревари во сите конкуренции, а на терен поминал малку повеќе од 600 минути.

Неговиот учинок е скромен, само два гола, и двата во Ла Лига, додека во Лигата на шампионите речиси и да не играше. Влезе во игра само на три натпревари и вкупно беше 130 минути на теренот.

Тој има 29 години и верува дека може да оствари уште еден голем трансфер само по година и пол поминати во Атлетико.

Пред да дојде во Мадрид, Сорлот промени многу клубови, играјќи за: Виљареал, Лајпциг, Реал Сосиедад, Кристал палас, Трабзонспор, Гент, Митјиланд, Гронинген, а во почетокот се развиваше во татковината во Розенборг и Бодо/Глимт.

- Оглас -

Најнови вести