Александар Васоски закажа прв собир во Вардар точно на пладне, утре, за старт на зимските подготовки кај најтрофејниот македонски фудбалски клуб, а ривалот од Градскиот парк, Работнички ќе тргне еден час подоцна.
И двете екипи извесен период ќе тренираат во Скопје, до заминувањето во Турција.
Вардар на 16. јануари има закажано главен дел од подготовките во Аланија, додека популарните „романтичари“ ќе заминат за Анталија.
Кај Вардар се уште не се знае точно кои играчи, или дел од нив ќе си заминат, а засега официјално нема ниту едно засилување во зимскиот преоден рок.
Кај Работнички е поинаква ситуацијата и во клубот се врати Баже Илијоски, доаѓа и поранешниот вардарец Дејан Блажевски, а пристигнаа и Бугаринот Дилгеров и бразилскиот двоец Кабрал и Барбоса.
По првиот дел од првенството, или по одиграни 18 кола Вардар е на второто место со пет бода помалку од лидерот Шкендија, додека Работнички е на четвртата позиција со минус од 14 бодови.