Ждрепката за Лигаta на Европа одлучи четвртфиналните двојки за оваа сезона да бидат Арсенал – Наполи, Вилјареал – Валенсија, Бенфика – Ајнтрахт, Славија Прага – Челзи.
Унаи Емери трипати освојуваше со Севилја, сега е на клупата на Арсенал и може да стане првиот тренер со четири трофеи во второто по квалитет натпреварување во Европа. Валенсија по деветти пат е четвртфинaлист во Купот на УЕФА или Лигата на Европа, со што се изедначи со Јувентус и Интер како рекордери.
Во Славија посакуваа да им се падне некој од лондонските тимови и таа желба им се исполни.
„Сакам да играме со Арсенал или Челзи. Нашите навивачи заслужуваат како награда да имаат можност да отпатуваат во Лондон. Сонот ни е да играме во Англија“, рече тренерот на Славија, Јинджих Трпишовски, пред извлекувањето.
Наполи или Арсенал во полуфиналето ќе играат со подобриот од дербито во Валенсија, додека Челзи или Славија ќе се судрат со Бенфика или Ајнтрахт.
Четвртфиналињата се закажани за 11 и 18 април, а полуфиналињата за 2 и 9 мај. Финалето на ЛЕ е на 29 мај на Олимпискиот стадион во Баку.