Реал Сосиедад ја запиша шестата победа сезонава во Ла Лига, по минималните 1-0 на гостувањето кај Селта Виго во првиот меч од неделната програма од 10-тото коло. Баскијците засега импресионираат со остварените резултати, а новите со три бода направија подвиг на табелата до втората позиција, со 19 бода Сосиедад се израмни со лидерот Барселона и вицешампионот Атлетико Мадрид.
Сосиедад воедно е трет најефикасен тим сезонава во шпанското првенство, 17-от погодок по 10 натпревари го постигна Исак во 82-та минута на „Балаидос“. Подобар учинок од нив имаат само Вилјареал (24 гола) и Барселона (23 гола).
На Селта никако не ѝ помогна црвениот картон на Чеих по еден час игра, па така оваа екипа повторно ќе се бори за опстанок исто како и лани, бидејќи петтиот претрпен пораз ги турна во зоната за испаѓање во првата третина од сезоната.