Сосиедад ги погодуваше пречките и стативите, Реал Мадрид ги погоди пеналите

Реал Мадрид победи на гости против Реал Сосиедад со 2-0 со головите од пенал на Винисиус и Килијан Мбапе. Двата гола паднаа во второто полувреме, и продолжи традицијата Кралскиот клуб да не тресе мрежа во првите 45 минути, тоа го направија само еднаш сезонава.

Домашните немаа среќа на овој меч. Освен што против нив беа досудени два пенали, тие трипати ги погодуваа пречката или стативата, но топката не сакаше да влезе во гол и да му направи уште поголем проблем на фаворитот.

За шпанскиот и европски првак продолжија маките со повредите, Брахим Дијаз мораше да излезе во првиот дел, а болки имаше и Милитао, но тој некако издржа до крај.

За Реал првпат се досудени четири пенали во првите пет кола од една сезона. Тимот од Мадрид има и низа од 37 мечеви по ред без пораз во лигата (рекордот го држи Барселона со 43).

- Оглас -

Најнови вести