Сосиедад вечерва направи нешто што на ниту една друга екипа не и успеало оваа сезона во Примера (Видео)

Екипата на Реал Сосиедад забележа голема победа од 0-2 на гостувањето кај Барселона и е многу блиску да го обезбеди пласманот во Лигата на шампионите за следната сезона.

Клубот од Баскија со оваа победа и го нанесе првиот домашен пораз во Примера на екипата на Барселона. Ноу Камп последен пат беше освоен на 22-ри Мај минатата година, кога во последното коло од минатото првенство екипата на Виљареал се радуваше на победа од 0-2.

Резултатот го отвори Микел Мерино уште во петтата минута од мечот, откако Сорлот ја искористи грешката на одбраната на Барселона, а потоа асистираше до стрелецот на погодокот.

Токму асистентот на првиот погодок, Александер Сорлот, беше стрелец на вториот погодок за “баскијците“ со што ја зголеми предноста за неговата екипа на 0-2.

Роберт Левандовски со погодок во 90-тата минута успеа само да го ублажи поразот на Барселона.

Барселона веќе од поодамна ја прослави шампионста титула во Шпанија, а екипата на Реал Сосиедад со оваа победа се зацврсти на четвртата позиција на табелата со пет бодови предност пред Виљареал на три кола до крајот на шпанската Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести