Составен е тикет со квота од над 2.200, на одличен примерок од 1.014 прогнозери

Во третото коло на популарната Спортска прогноза на Спорт Манија и Sport Life, учествуваа 1.014 прогнозери, бројката постојано расте, овојпат беше надмината и границата од 1.000 прогнозери, па затоа веруваме дека еден тикет според најголем дел од прогнозите за осумте денешни средби на Спортската прогноза е повеќе од веродостоен репрезентативен примерок, кој може да ви помогне при типувањето.

Традиционално, недела е ден кога ви нудиме да одиграте тикет кој е „составен“ според мислењето на најголем број од играчите на Спортска прогноза, односно процентот кој преовладува при типувањето тие на дуелите кои се на понудата од Спортска прогноза.

Во 14 часот започнува мечот Еспањол – Реал Сосиедад, а 45,5 отсто од тие 1.014 прогнозери, типуваат дека ќе биде нерешено. Коефициентот за икс во Sport Life e 3,05. Следи италијанскиот дуел меѓу Сампдорија и Торино, а преовладува мислењето дека ќе слават домашните, иако има и доста што типувале на нерешено. Кецот на Самп е со квота 2.60.

Ако планирате да играте двојка, „сигурна“ треба да биде на мечот Болоња – Рома. Во победа на римјаните веруваат дури 74,7 проценти од оние над илјада прогнозери. Квотата за победа на Рома е 2.50. За холандското дерби ПСВ – Ајакс, мислењата се поделени, за сите три знака има над 30 проценти прогнози. Најмногу се за нерешено, 34,4 отсто. Квотата за реми е 3,70. На нерешено најмногу прогнозери играле и за белградското дерби Партизан – Ѕвезда. Квотата е 3,00.

Цели 57 отсто сметаат дека Ливерпул ќе слави против Челзи, а квотата на „црвените“ е 2,05. Најголем дел од прогнозерите, 49 проценти, најавуваат триумф над Реал Мадрид кај Севилја, пар за кој победата на Реал е со квота 2,60.

За крај, 66,2 проценти веруваат дека ПСЖ ќе триумфира кај Лион, а коефициентот е 1,90.

Вкупниот коефициент на овие осум меча во Sport Life e дури 2.228. Големиот број на прогнозирани нерешени исходи придонесоа за ова. Одлична можност да се проба среќата, но и да се види колку прогнозерите имаат чувство за тоа кои фиксови се најреални на денешните средби од третата рунда на Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести